Најголема промена на Инстаграм од неговото постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Апликацијата Инстаграм има нов Home Screen т.е. почетен екран, кој по многу години изгледа сосема поинаку и корисниците ќе мора да се навикнат.

Loading...

Раководството на компанијата пишуваше за промените на официјалниот блог на Инстаграм, и се чини дека сето ова им е многу важно, па затоа промената ќе биде неопходна за секого – веќе не постои стариот изглед.

 

 

Покрај објавите, сега ќе бидат видливи на почетниот екран и Reels објавите, како и делот Shop, што е стремеж на тимот на Инстаграм да им овозможи на корисниците меѓусебна и директна продажба, но и да заработат пари за Facebook, се разбира.

Опцијата Reels ги носи корисниците до делот Reels од апликацијата, кој всушност е копиран од апликацијата TikTok и се состои од кратки видеа и предизвици, а Shop, логично – ја отвора продавницатам можност за купување директно од апликацијата Instagram.

 

Loading...

 

Два клучни делови од апликацијата, Likes tab и Create tab, се движат нагоре, надесно, каде што од сега ќе бидат на новата апликација, со Direct Messages, кои неодамна беа целосно интегрирани со пораките на Messenger, па очекувајте ја таа промена, ако претходно не сте ја виделе.

IGTV сè уште го нема добиено своето место во апликацијата, така што сепак ќе имате пристап до содржината на Instagram TV преку посебна апликација или преку објави во апликацијата Instagram.

 

 

Опцијата за купување ќе бара активен профил на Facebook Pay, кој наскоро ќе им биде достапен на корисниците ширум планетата.

Loading...

Апликацијата се ажурира секој ден и ќе потрае некое време додека не ги видите промените на почетниот екран на вашиот профил, но штом пристигнат промените – нема враќање, вие останувате со таков нов изглед.

Leave a Reply