Најголем пад на цената на нафтата во последните девет месеци

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата на глобалниот пазар паднаа најмногу во последните девет месеци минатиот викенд, бидејќи трговците продаваат термински договори во пресрет на слабеењето на побарувачката низ целиот свет поради новиот бран ширење на коронавирусот.

Loading...

Цената на барел Брент на лондонската берза потона минатиот викенд за 8 проценти, на 65,18 долари, најниско ниво од април.

На американскиот пазар барел нафта WTI падна за 9 проценти, на 62,32 долари, што е најниско ниво од септември минатата година.

Цените на нафтата во петокот забележаа постојан пад седми трговски ден по ред, бидејќи сѐ повеќе земји низ светот се соочуваат со зголемен број заразени со „Ковид-19“, поради што ги ограничуваат патувањата во обид да го спречат ширењето на пандемијата.

Кина воведе построги методи за дезинфекција во своите пристаништа, предизвикувајќи застој во протокот на стоки, и, како и САД, воведе ограничувања за бројот на патници во авионските летови.

Бројни други земји, вклучително и Австралија, го ограничија патувањето на граѓаните. Како резултат на тоа, побарувачката за воздухопловно гориво ослабна, откако растеше цело лето.

„Со таква неизвесност, тешко е да се најде основа за цените на нафтата. Властите напорно работат на минимизирање на појавата, што директно ја загрозува побарувачката за нафта “, рече Џон Килдуф, партнер во Again Capital LLP.