Доколку сакате да патувате сами, еве кои држави се најдобри за вас.
Норвешка
Оваа земја е на 16 место по безбедноста и на 12то според индексот на среќа. Норвешка е најдобро да ја посетите во лето. Престолнината Осло може да ја истржаувате низ мноштво музеи, ресторани и паркови и тоа пеш, со велосипед или јавен превоз.
Се организираат и еднодневни излети со бродови низ бројни фјордови. Дококу сакате да видите поларна светлина, тогаш најдобро е во Норвешка да патувате меѓу ноември и март. Овој природен феномен најдобро е да се гледа од градот Тромса.
Швајцарија
Според безбедноста, Швајцарија е на 12то место, а по индексот на среќа на 24то. Патувањето со воз низ земјата е можност да уживате во природните убавини – бројни водопади, шуми и езера.
Многу туристи уживаат и во искачувањето на Алпите, посети на средновековни замоци и пиење швајцарско вино.
Покрај уживате во млечното чоколадно, многумина се одлучуваат и за посета на некоја од фабриките на чоколада.
Данска
Според безбедноста Данска е петта во светот, а по индексот на среќа 21ва. Започнете со Копенхаген, па упатете се во областа Нухаун, кад еќе видите разни куќи кои го опкружуваат каналот. Потоа прочетајте низ Тиволи, каде можете да уживате во забавен парк, градини со цвеќе, фонтани, аквариуми…
Посетете го и замокот Кронборг кој се наоѓа на листата на УНЕСКО, како и Фредериксборг замокот во кој се наоѓа и Данскиот музеј на национална историја.
Исланд
Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, а според индексот на среќа е на 39то место. Оваа земја е „рај“ за соло патниците, а меѓу туристите е многу популарен поради преубавите пејсажи, бројни пештери, вулкани и глечери, како и геотермални спа центри.
Покрај Рејкјавик, можете да ја посетите и Сината лагуна (геотермален спа), а оние кои сакаат да уживаат надвор од градот – Националниот парк Тингвелир нуди кампување, пешачки тури, кавање коњи, нуркање…
Нов Зеланд
Нов Зеланд според безбедноста е на второто место, а според индексот на среќа на 38то. Бидејќи е една од најбезбедните земји и популарна е дестинација за „бекпекери“, веројатно таму ќе запознаете уште многу луѓе кои патуваат сами.
Нов Зеланд е идеална дестинација за авантуристи – се организираат излети низ фјордови, шуми, обиколка на водопади, пешачки тури.
Можете да истражите некоја од пештерите или да одите на тура за набљудување на китови.