Свадбата и свадбените обичаи се важен дел од животот на секој кој сака да направи свадба. Но, пстојат такви кои се слични или исти ширум светот, како правење посебен букет цвеќе и фрлање на истиот кон немажените девојки кои дошле на свадбата.
Меѓутоа, постојат свадбени обичаи кои се многу чудни. Некои од нив се романтични и убави, но од некои може да ви биде непријатно.
Кина е кралица на непријатните свадбени обичаи
Нашиот менталитет тешко го разбира кинескиот народ, нивниот начин на живеење ни е генерално чуден и не можеме да разбереме многу работи кои ги прават во секојдневниот живот. Свадбените обичаи се посебна приказна.
Младоженецот треба да ја стрела невестата
Младоженецот со помош на лак и стрела три пати ја гаѓа невестата. Секако стрелите не се шилести на врвот, а младоженецот не се обдува да ја убие својата сопруга, туку само метафорично. Кога ќе ги испука стрелите, младоженецот треба да ги собере и секоја од нив да ја искрши, што е осигурување дека ќе се сакаат цел живот.
Ден пред венчавката невестата треба да ја избричи главата
Потребно е ден пред венчавката невестата да избричи се освен плетенка која ќе остане одзади. Ако ова го направи, ќе се знае дека таа е убава и чиста.
Однапред организирано плачење
По традицијата невестата треба да плаче по еден час секој ден, месец дена пред венчавката. По десет дена плачење треба да и се придружат мајката и бабата. Се смета дека ова всушност е искажување на среќа што девојката ќе се мажи токму за тој младоженец.
Среќата е прикажана со различни тонови на плачење во текот на тие месец дена, затоа што до датумот на свадбата во плачењето се приклучуваат сите жени во семејството.
Бизарни обичаи: Фарма за дебелеење и бракови меѓу луѓе и животни