Најблиску сме до војна од Втората светска војна, изјави полскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е поблиску до вооружен конфликт отколку во кое било време од Втората светска војна, објави Скај њуз.

Туск рече дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки од само изрази на солидарност.

Член 4 им овозможува на секоја членка на Алијансата да го постави прашањето на дискусија во рамките на блокот, но не подразбира воен одговор.

Според него, во текот на ноќта биле регистрирани 19 упади во полскиот воздушен простор, а четири беспилотни летала биле соборени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Опасен преседан за Европа, најмалку осум дронови ја погодија Полска

Голем број беспилотни летала пристигнале од правец на Белорусија, додаде Туск.