Најавено преиспитување на правилата за номинација за Оскар

Сподели со своите пријатели

Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите, најави дека ќе ги преиспита правилата за овогодинешните филмски номинации, бидејќи независен филм го изненади холивудскиот свет со тоа што беше номиниран за таа престижна филмска награда, пренесува AFP.

Loading...

На 24 јануари Академијата го објави списокот на главните номинации за Оскар што ќе бидат доделени на 95-тата церемонија на 12 март во Лос Анџелес.

Како и секоја година, промоторите на филмови кои сакаат да влезат во листата на номинирани за Оскар, започнуваат кампања.

Секој има своја стратегија, но секој мора да следи одредени правила, пренесува Бета.

Сепак, филмот To Leslie не блесна во кината и заработи само 27.000 долари, а Андреа Рајзборо, која ја игра главната улога во таа продукција, беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра женска улога.

По таа номинација, некои познати луѓе се огласија на социјалните мрежи за да прашаат дали филмот има ефективна кампања или дали е измама.

Забави и настани за промоција на филмови

Американскиот магазин Variety пренесува дека Академијата била преплавена со мејлови и повици, па затоа одлучила да ја преиспита кампањата на филмови номинирани за Оскар, без директно да го спомне To Leslie.

„Ги прегледуваме процедурите на кампањата на овогодинешните номинирани филмови, за да се осигураме дека не се прекршени никакви правила и подобро да разбереме дали се потребни промени во упатствата во новата ера на социјалните мрежи и дигиталната комуникација“, одговори Академијата.

Loading...

Оскарите ги доделуваат речиси 9.500 членови на Академијата за филмски уметности и науки, поделени меѓу 17 гранки од индустријата.

Од актерите или актерките кои сочинуваат најмалку 1.300 гласачи, на кандидатот му требаат повеќе од 200 гласови за да го добие своето име во трката.

Во месеците пред доделувањето на Оскарите, беа организирани забави и настани за промовирање на филмовите. Вакви кампањи често организираат специјализирани компании.