Нагло поскапување на гасот во Европа, по одлуките на Гаспром

Сподели со своите пријатели

Цените на европскиот гас пораснаа за цели 24 отсто, откако руската енергетска компанија Газпром објави дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија почнувајќи од среда, бидејќи од 1-ви април нема добиено никакви плаќања од нив.

Loading...

Цената на европскиот гас во еден момент беше околу 125 евра за мегават час.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика со седиште во Париз, во средата наутро твитна дека неговата организација е „цврсто со Полска“.

„Потегот на Гаспром за целосно прекинување на испораките на гас за Полска е уште еден знак за политизирање на постојните договори од страна на Русија и само ќе ги забрза европските напори да се оддалечи од снабдувањето со руска енергија“, напиша тој.

 

Loading...

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Наглиот раст на цените следеше и откако времето во Европа се затопли, намалувајќи ја побарувачката на природен гас за затоплување на домови и деловни простории, пренесува АП.