Нафтените деривати од полноќ по нови цени

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,47%, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.

Овие цени ќе останат на сила во наредните две недели, додека повторно не се одлучува од страна на РКЕ за нова цена во однос на повеќе параметри на пазарот и курсот на денарот спрема доларот.