Наезда од полжави во Москва (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полжевите со големина до 15 саниметри предизвикале паника во центарот на Москва, што е последно во низата места на кои се пријавени откако се рашириле од Шпанија.

Loading...

Полжевите од видот Arion vulgaris се огромни во споредба со поголемиот дел од останатите и се големи штеточини.

фото: Printscreen Twitter/@Misha_Ambigram

Европскиот портал за следење разни животински видови „Дејзи“ овој вид полжеви го сместува меѓу стотиците најинвазивни штеточини во Европа.

Руските медиуми пренесоа реакции на бројни мештани на руската пресолнина кои биле ужаснати со појавата на огромни полжеви.

– Јадат прилично многу и тешко е да се уништат. Многу бргу се размножуваат, рекла Абдула Ташибеков од Москва.

Овие полжави не само што со голема брзина јадат растенија, туку можат да шират паразити и црви кои можат да им наштетат на домашните миленици.

Loading...

Полжевите се со потекло од Иберискиот полуостров и во 1956 година за прв пат биле забележни во Франција, по што набргу се рашириле низ цела Европа.

Експертите веруваат дека со продажба на растенија ширум Европа се пренесени и јајца од овој вид полжав.

Leave a Reply