Тешката животна приказна на деветгодишниот Милош од селото Живиње не остави никого рамнодушен.
Момчето кое наместо автобус, патува со магаре, поради непристапниот пат кон селото, викендов го посети градоначлникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој најави дека на секој можен начин ќе се помогне на семејството.

Од вчера започна и пробивањето на патот кон селото, што се очекува да го олесни патувањето на момчето.
Претходно помош за Милош најави и министерот за здравство Венко Филипче, откако момчето девет години по операција на срцето, поради сиромаштијата не направило ниту една медицинска контрола.

