Над 93 милиони денари собрала општина Куманово по основ на даноци од почетокот на годинава досега, соопштија надлежните од секторот за даноци. Вкупно, по основ на данок на промет на недвижности, данок на имот, на наследство, комунална такса и други собрани се 93 милиони 245 илјади и 708 денари, информираше денеска овластениот раководител на секторот за даноци, Ненад Стојановски.
Од данок на промет на недвижности, физичките лица од Куманово платиле над 27, правните над седум милиони денари. Комунална такса или фирмарина над девет милиони денари платиле фирмите, а 526.000 денари трговците поединци. Правните уплатиле над 3,7 милиони по основ на данок на наследство или подарок , нешто помалку од оваа сума, физичките лица.
Од секторот за даноци информираат дека физичките и правните лица по основ на данок на имот платиле над 44 милиони денари.
-Годинава, решенијата се дистрибуирани по Македонска пошта. Ги поканувам правните и физичките лица кои не добиле решение да се обратат во просториите на општината, конкретно во секторот за даноци да им издадеме решение. Мора да напоменам дека токму со плаќањето на даноците, се полни општинската каса се собираат средства кои потоа се вложуваат во инфраструктура, улици, водовод, канализација. Апелирам даноците да се плаќаат навреме, повика Стоајновски.
Од секторот појаснија дека одредени даноци можат да се платат и на рати.