Најмалку 94 лица загинаа, а 50 се повредени откако цистерна со гориво експлодира во северозападна Нигерија, соопшти полицијата.
Експлозијата се случи на автопат во Таура, државата Џигава, во средата.
Портпаролот на полицијата Лован Адаму во средата за новинската агенција Anadolu изјави дека несреќата се случила претходната вечер и дека луѓето брзале кон возилото за да набават гориво.
„Жителите земаа гориво од превртена цистерна кога се случи експлозијата, предизвикувајќи пекол во кој загинаа 94 луѓе на лице место“, изјави Адаму за новинската агенција Асошиетед прес.
Чести несреќи
Експлозијата предизвика голем пожар кој гореше до 3:15 часот по локално време, рече тој.
Експлозиите на цистерни со гориво не се невообичаени во Нигерија.
Минатиот месец најмалку 48 лица загинаа во експлозија откако цистерна со гориво се судри со друг камион во северно-централната држава Нигер во Нигерија.