Над 800.000 луѓе планираат да влезат во Област 51, војската вели „Не обидувајте се“

Сподели со своите пријатели

Американското воено воздухопловство издаде строго предупредување за над милион луѓе да не се обидуваат во септември да го спроведат планот за упад во американската воена база во пустината Невада, во јавноста позната како Област 51, за да „видат вонземјани“.

Loading...

Над еден милион луѓе се пријавиле за учество во акцијата „Јуриш на Областа 51, не можат да не спречат сите“, која е закажана за 20 септември, а дополнителни 1.200.000 луѓе се заинтересирани за настанот.

Теоретичарите на заговори веќе долго време веруваат дека американската влада држи тајни информации за вонземјани и НЛО во Областа 51 и дека се користи за чување на неидентификувани летечки објекти, но и вонземски летала и остатоци од технологија, што владите на САД со децении категорично го негираат.

Потенцијалните учесници се повикани масовно да се соберат пред одењето во базата на воздухопловството, која долго ги опседнува теоретичарите на заговори во врска со вонземјаните, пренесува Индепендент.

Медиумот наведува дека „сатиричниот настан“, кој е организиран преку Фејсбук и закажан за 20 септември, изгледа како шега со оглед на високиот степен на безбедност и строгото обезбедување на американската воздухопловна база во Невада, околу 180 километри од Лас Вегас.

– Можеме да се движиме побрзо од нивните куршуми. Одиме да ги видиме тие вонземјани, стои во пораката со која се најавува акцијата.

Меѓутоа, портпаролот на воздухопловните сили Лора Мекендрујз строго ги предупредила потенцијалните учесници да не го прават тоа.

– Тоа е простор за обука на американски воздухопловни сили и ние би ги обесхрабриле сите кои се обидат да дојдат во подарчјето во кое ги обучуваме американските воени сили. Американското воено воздухопловство е подготвено во секој момент да ја брани Америка и нејзините вредности, навела Мекендрујз.

Loading...

Image by Martin Str from Pixabay

Leave a Reply