Повеќе од 80 проценти од жителите на Тувалу, пацифички архипелаг загрозен од зголемувањето на нивото на морето, бараат визи за Австралија според договорот потпишан во 2024 година.
Според официјалните бројки што ги виде АФП, Австралија им нуди визи на Тувалунците како дел од договорот за климатска миграција, кој Канбера го нарече „првиот договор од ваков вид во светот“.
„Добивме исклучително висок интерес“, со 8.750 регистрации, соопшти австралиската дипломатска мисија во Тувалу.
Ова претставува 82 проценти од 10.643 регистрирани жители на архипелагот, според податоците од 2022 година.
Австралиските власти објавија дека во рамките на оваа програма Австралија нуди 280 визи оваа година, што значи дека многумина нема да можат да ја искористат.