Над 70 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 70 лица загинаа во сообраќајна несреќа во покраината Херат во западен Авганистан во вторник, соопшти полицијата.

Loading...

Несреќата се случила кога автобус што превезувал депортирани мигранти во Кабул се запалил откако се судрил со камион и мотоцикл, изјави портпаролот на покраинската влада Ахмадула Мутаки.

Загинале 71 лице, меѓу кои и 17 деца, пренесува Ројтерс.

– Поради прекумерна брзина и невнимание, (автобусот) скршнал од главниот пат и силно се судрил со камион во покраината Херат – соопшти полицијата.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пратеник извршил самоубиство во зградата на Парламентот на Финска