Вооружени напаѓачи вчера отвориле оган врз верници и активирале експлозив во католичка црква во југозападна Нигерија, при што загинаа десетици луѓе.
Loading...
Меѓу загинатите има и деца, соопштија локалните власти, а еден од свештениците бил киднапиран.
Според последните податоци загинале најмалку 50 лица, а конечната бројка ќе се знае во наредните денови.
На видео снимките од местото на нападот се гледаат црковни верници како лежат ранети во црквата додека службите за итни случаи се обидуваат да дојдат до нив.
Иако голем дел од Нигерија се бори со безбедносни закани, Ондо досега беше познат како една од најмирните земји во Нигерија.