Во Папуа Нова Гвинеја има крвава племенска војна која однесе повеќе од 50 животи.
Loading...
Локалните власти пронајдоа 53 тела во џунглата во провинцијата Енга, а се стравува дека ќе најдат уште жртви.
Полицијата соопшти дека ова би можело да биде најкрвавиот масакр во историјата на оваа провинција, а првите резултати од истрагата покажуваат дека мажите биле убиени во заседа.
Началникот на локалната полиција Џорџ Калас изјави дека членовите на едно племе, заедно со сојузниците и платениците, се упатиле кон резиденцијата на друго племе, но биле пресретнати и убиени на патот.
– Припадниците на племето се убиени во шумата, пукано е од заседа – изјави Какас.