Над 50.000 патници го преминале граничниот премин Табановце само во текот на изминатиот викенд, односно од 20 до 22 декември.
Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, во наведениот временски интервал во државата влегле вкупно 36.316 македонски државјани, додека излез од државата оствариле 6.892 македонски државјани.
Во истиот период, граничниот премин го искористиле и странски државјани, при што влез во нашата држава оствариле 16.084 лица, а излез 7.720 лица.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека континуирано се преземаат сите неопходни мерки за непречено одвивање на граничниот сообраќај.
– Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, стои во соопштението.
Се очекува зголемена фрекференција и во наредните денови во пресрет на новогодишните и божиќни празници.
Никола Ивановски

