Над 5.500 граѓани на Куманово живеат со некаков вид на попреченост

Сподели со своите пријатели

Вкупно 5.582 граѓани на Куманово живеат со некаков вид на попреченост, покажуваат податоците на Државниот завод за стаитстика од пописот спроведен минатата година.

Loading...

Најголемиот дел од населението има пречки во движењето, односно вкупно 2.173 лица. Од нив 14 се деца на возраст до 14 години, 868 лица на возраст од 15 до 65 години и најголем дел или 1.291 лице се во возрасната категорија над 65 години.

Попреченост со видот имаат 732 граѓани, меѓу кои 20 деца до 14-годишна возраст, 350 деца во возрасната категорија од 15 до 65 години и 362 лица над 65-годишна возраст.

Вкупно 327 лица имаат попреченост со слух, меѓу кои две деца, 112 жители на возраст од 15 до 65 години и 213 лица во највозрасната категорија.

Дури 24 деца на возраст до 14 години имаат пречки во комуникацијата, покажуваат податоците на ДЗС. Со ваков вид попреченост живеат и 125 лица на возраст од 15 до 65 години и 45 граѓани во возрасната категорија 65+.

Дури 2.156 лица се изјасниле дека живеат со некаков друг вид на попреченост.

Никола Ивановски