Над 46 илјади граѓани до крајот на оваа година ќе треба да платат за обнова на здравствените картички, нешто за што ФЗОМ тврди дека не е никаква новина која граѓаните до сега не ја знаеле, пишува 24Вести.
ЕЗК е БЕСПЛАТНА за приматели на социјална парична помош и постојана парична помош, како и нивните членови на семејство. Картичката чини 100 денари за невработени, самохрани родители и деца без родителска грижа до 18 години, пензионери чија нето пензија е до 15.000 денари. Картичката чини 250 денари за вработени осигуреници и нивни членови“ – велат од фондот за телевизијата.
Реакцијата на ФЗОМ доаѓа откако денеска и опозициската СДСМ обвини дека ова е нов криминал на власта со кој ака да наполни милиони евра во буџетот токму на сметка на граѓаните.
Новината со електронските здравствени картички беше донесена 2008 година кога министер за здравство беше Бујар Османи. Тогаш требаше да се изработат 2,3 милиони картички, за кои од државниот буџет, требаше да бидат обезбедени 7,5 милиони евра. Но тоа доби нова димензија, кога на министерската функција дојде Никола Тодоров, кој донесе одлука, наместо бесплатни, картичките да бидат на сметка на самите осигуреници.