Над 40 земји бараат меѓународна истрага за смртта на Навални

Сподели со своите пријатели

Вкупно 43 земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Велика Британија, испратија во понеделникот заеднички апел за спроведување меѓународна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затворот во Русија, јавува Ал Џезира Балканс.

Loading...

– Револтирани сме поради смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, за која на крајот се одговорни (рускиот) претседател (Владимир) Путин и руските власти – изјави евроамбасадорката Лоте Кнудсен пред Советот за човекови права во Женева, говорејќи во име на 43 земји, пренесува Бета.

Навални (47), кој беше жесток критичар на Кремљ, почина на 16 февруари во една од најстрогите руски казнени колонии каде издржуваше казна од 19 години.

Руските власти соопштија дека причината за неговата смрт се уште е непозната, а резултатите од истрагата најверојатно ќе бидат сослушани во странство, пишува АП.

Навални беше погребан на 1 март на гробиштата Борисово во Москва.

Неговата смрт предизвика бран на осуда на Западот.

– Русија треба да одобри независна и транспарентна меѓународна истрага за околностите на оваа ненадејна смрт – изјавија потписниците на повикот и додадоа дека оваа смрт претставува „нов сигнал за растечка и систематска репресија во Русија“.

Тие земји, исто така, ја повикуваат Русија да ослободи политички затвореници, новинари, активисти за човекови права и противници на војната во Украина.

Loading...

– Ја повикуваме Руската Федерација да стави крај на оваа клима на неказнивост и да создаде средина без опасност за политичката опозиција и критичките гласови – стои во поканата.