Над 40 Палестинци убиени во нападите од утринава

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 40 Палестинци беа убиени во раните утрински часови додека израелските воени авиони продолжија да го гаѓаат Појасот Газа 13-ти ден по ред, според очевидци и медицински извори.

Loading...

Девет лица загинаа, меѓу кои седум деца, кога воени авиони нападнаа куќа во Кан Јунис јужно од градот Газа, објави државната новинска агенција Вафа.

Повеќе од 30 Палестинци загинаа, а десетици беа повредени во израелските воздушни напади врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, изјавија очевидци.

Израелски воени авиони нападнаа и куќа во населбата Тал ал Султан во Рафах.

Според очевидци, во воздушен напад врз бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, загина едно палестинско бебе, а неколку луѓе се ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)

Во израелски воздушен напад западно од Кан Јунис загина и едно дете, соопштија палестински медицински извори.