Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањата продолжија низ Газа.
Според болничките извештаи, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, пишува Би-Би-Си.
Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било регистрирано интензивно израелско бомбардирање.
Целта на нападот беше Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.
Извор од болницата „Насер“ во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодија куќи и шатори каде што беа сместени раселени семејства во градот и неговата околина.
Локалните новинари известуваат дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на одделот за итни случаи се полни со ранети.