Повеќе од 40 лица се водат како исчезнати откако брод со околу 50 патници се преврте на пат кон популарен пазар во северозападната нигериска држава Сокото, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби (NEMA) на Нигерија.
Патниците се упатувале кон пазарот Горонџо, еден од главните пазари за земјоделски производи во регионот, кога се случила несреќата, објави Ројтерс.
Досега се спасени десет лица, изјави директорот на NEMA, Зубаидар Умар, на социјалната мрежа X, додавајќи дека агенцијата соработува со локалните власти и службите за спасување во потрагата по исчезнатите.
Несреќата се случи три недели по сличен инцидент во државата Нигер, каде што загинаа најмалку 13 лица, а десетици сè уште се водат како исчезнати откако се преврте брод со околу 100 патници.