Над 40 лица се повредени во ударот на тајфунот „Хаикуи“, кој го погоди Тајван, повеќе од 119.000 луѓе останаа без струја, а повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани.
Тајфунот „Хаикуи“помина над Тајван, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд и силни налети на ветер, јавува Гардијан.
Хаикуи, првата бура во последните четири години што го премина централниот планински венец на островот, имаше потенцијал да направи хаос со предизвикување лизгање на земјиштето и карпи во локалните заедници.
„Ги потсетувам сите да се подготват за тајфунот и да се грижат за својата безбедност. Избегнувајте да излегувате или да правите какви било ризични активности“, рече тајванскиот претседател Цаи Инг-вен.
Во градот Тајтунг дрвјата откорнати од налетите на ветрот што му претходеа на тајфунот ги покри улиците.
„За малку ќе заборавив како е да се биде во тајфун“, рече сопственикот на локалниот ресторан Хуанг Јун-тонг во тој град, додавајќи дека кога се разбудил, веднаш отишол во продавница за да се увери дека сè е заштитено.
„Вчера беше толку мирно што немавме чувство дека доаѓа тајфун“, рече тој.
Се очекуваше Хаикуи да биде помалку моќен од тајфунот Саола, кој го заобиколи Тајван, но претставуваше највисоко ниво на закана во блискиот Хонг Конг и јужна Кина, пред да ослабне до тропска бура до сабота.