Над 320 лица загинаа во поплавите во Пакистан (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 320 лица загинаа во последните 48 часа во обилните дождови што го погодија северен Пакистан, објавија властите за најновиот број на жртви.

Loading...

Со ова, бројот на жртви од крајот на јуни, кога започна сезоната на монсуни, која овој пат е невообичаено интензивна, се искачи на повеќе од 600.

Поплавите и лизгањата на земјиштето ја погодија планинската покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Само во таа покраина загинаа 307 лица, објави Покраинскиот орган за управување со катастрофи, додавајќи дека потрагата по закопани тела продолжува.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто сè повеќе луѓе во Германија имаат две работни места?