Над 300 Финци се вратиле заразени од ЕВРО2020, намалувањето на рестрикциите на „стенд бај“

Сподели со своите пријатели

Најмалку 300 Финци кои навивале за својата фудбалска репрезентација на Еуро 2020 се здобиле со коронавирус, соопштија тамошните власти во вторникот, што може да го смени планот на земјата за олеснување на мерките.

Дневниот број на нови инфекции во Финска се зголеми од околу 50 на ден на повеќе од 200 минатата недела и се очекува да се зголеми уште повеќе, предупредуваат властите.

Јасно е дека бројот на новозаразени се зголемил поради враќањето на навивачите, тврди Мика Салминен од финскиот здравствен институт.

„Со проучување на нивната возраст, јасно е дека многу од нив сè уште не добиле две дози од вакцината“, додаде Салминен.

Локалните здравствени власти соопштија дека повеќе од 200 инфекции биле откриени во областа околу Хелсинки, а што се случиле во Русија.

„Клучното прашање е дали ќе видиме ширење на инфекцијата. Сега се чини дека нема да можеме да ги олесниме мерките во Хелсинки“, рече Салминен.

Неговиот институт проценил дека помеѓу 4.500 и 6.000 Финци биле на натпреварите во рускиот град Санкт Петербург, што во моментов руши рекорди во бројот на смртни случаи од ковид-19.

Властите сè уште се обидуваат да ги лоцираат сите оние кои биле во Русија, предупредувајќи ги дека можеби го пренеле вирусот на нивните пријатели и семејство.

Финска сè уште е една од земјите кои се најмалку погодени од пандемијата на коронавирусот. Во таа земја со 5,5 милиони жители, беа заразени 95.387 лица, а 969 починаа.

Leave a Reply