Над 200 лица во изолација во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

На подрачјето  на Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане   според евиденциите на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица , додека 40 лица потпишале изјави за  самоизолација, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Поднесени се 18  кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и сите лица редовно се контролираат од страна на полициски службеници од  СВР Куманово.

Инаку, бројот на нови случаи во Куманово е во постојан пораст последните недела дена.

Удвоен бројот на активни случаи во Куманово во првите девет дена од годинава