Вкупно 22 казни напишала полицијата вчера на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Loading...
Најголем дел од казните, 21 од нив, биле напишани на мотоциклисти во Куманово, а бил казнет и еден во Кратово.
– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Засилените акциски контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски