Американски борци умираат во Украина во се поголем број, а повеќе од 20 Американци се водат за исчезнати на украинската линија на фронтот, покажа истражувањето спроведено од Си-Ен-Ен.
Loading...
Според овие податоци, телата на најмалку пет американски доброволци, кои се бореле на страната на Украина, не можеле да бидат извлечени од бојното поле откако биле убиени во изминатите шест месеци.
Двајца од нив беа вратени во петокот од територијата окупирана од Русија на територијата контролирана од украинските војници, пренесува Танјуг.