Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале повеќе од 500 цели во Појасот Газа во текот на ноќта, вклучувајќи ги, како што рече, воените бази на Хамас и Палестина, неколку високи згради кои му припаѓаат на Хамас, џамија во која се сместени имотите на Хамас и три тунели во северниот дел на Газа, објави „Тајмс оф Израел“.
Беше објавена и видео снимка од ноќните воздушни напади.
בגל תקיפה לילי; צה”ל תקף למעלה מ-500 מטרות אסטרטגיות של ארגוני הטרור ברצועת עזה
מטוסי ומסוקי קרב, כלי טיס וכוחות ארטילריה תקפו במהלך הלילה מאות רבות של מטרות של ארגוני הטרור חמאס וגא”פ ברצועת עזה >> pic.twitter.com/23vjIKeaW5
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 9, 2023
Израелското Министерство за здравство објави дека 2.382 лица кои се ранети во нападите се лекуваат во болниците, објави „Тајмс оф Израел“.
Се додава дека 22 од нив се во критична состојба, а 345 се со тешки телесни повреди.
Според последните податоци на израелското министерство, повеќе од 700 Израелци загинале во нападите.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека загинале 73 војници.