Над 18.000 случаи на мајмунски сипаници низ светот

Сподели со своите пријатели

Во светот, повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во 78 земји, од кои повеќето се во Европа, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

СЗО во саботата ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена закана.

Во соопштението на здравствената организација се наведува дека досега вирусот е евидентиран во 98 отсто од случаите кај мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а се нагласува дека информацијата не се однесува на африканските земји бидејќи вирусот таму е ендемичен.

Директорот на СЗО Др. Тедрос Аданом Гебрејесус ја повика групата да размисли за намалување на бројот на сексуални партнери и да споделува информации за контакт со сите нови партнери, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Препорачана вакцинација

„Ова е епидемија што може да се запре… најдобриот начин да се направи тоа е да се намали ризикот од изложеност на болеста, а тоа значи да се донесат сигурни одлуки за себе и за другите“, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

Процесот на преименување на болеста за да се избегне дискриминација и стигматизација е во тек, изјави директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.

Агенцијата на ОН препорачува вакцинација за високоризичните групи. Ова особено се однесува на мажите кои имаат сексуални односи со припадници од ист пол, како и за повеќе сексуални партнери и за здравствените работници.

СЗО посочи дека се потребни неколку недели по примањето на втората доза од вакцината за едно лице да биде целосно заштитено, поради што во меѓувреме треба да се преземат мерки на претпазливост.

Loading...

Пет смртни случаи

Во моментов, како дел од сегашната епидемија, приближно 10 отсто од пациентите се хоспитализирани, а пет од нив починале како последица на болеста (сите во Африка), соопшти СЗО.

Тедрос, исто така, рече дека околу 16 милиони дози од одобрената вакцина се достапни за заинтересираните.

Со оглед на тоа што се пакува само „на големо“, ќе бидат потребни неколку месеци да се премести во помали шишиња.

СЗО ги повикува земјите со залихи на вакцина против мајмунски сипаници да ја споделат додека залихите се ограничени, додаде тој.