Над 150 приведени во Париз поради нереди по воената парада

Сподели со своите пријатели

Вкупно 152 лица се приведени во Париз на маргините на воената парада одржана по повод националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастиља, пренесе Франс инфо.

Loading...

Меѓу приведените се и лидерите на граѓанското движење „Жолти елеци“, Ерик Друе, Жер Родригез и Никол Максим.

Француските власти соопштија дека лицата се приведени поради различни причини, поради илегално носење оружје, неред на јавно место и непријавено собирање.

Медиумите пренесуваат дека нередите избиле по воената парада која традиционално се одржува на Елисејските полиња. Полицијата користела солзавец за да ги растера собраните.

Во Париз и натаму е напнато по повеќемесечните протести на движењето „Жолти елеци“ против државната политика. Неколку групи од движењето успеале да се измешаат со насобраните гледачи и да го исвиркаат францускиот претседател кој минувал во отворен автомобил пред почетокот на воената парада.

Фото: Youtube printscreen / RT

Leave a Reply