Над 150 милиони корисници би можеле да останат без ТикТок

Сподели со своите пријатели

Кинеската социјална мрежа ТикТок објави дека има 150 милиони месечни активни корисници во САД, што е за 50 отсто повеќе отколку во 2020 година, кога имало 100 милиони.

Loading...

Тие информации беа претставени пред сведочењето на извршниот директор Шоу Чи Чева пред Комитетот за енергија и трговија на американскиот Конгрес во четвртокот, пренесува Ројтерс.

„ТикТок“ се соочува со зголемен притисок од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и Конгресот, што вклучува повици од некои пратеници да ја забранат апликацијата затоа што, наводно, може да ги пренесе податоците на американските корисници до владата во Пекинг.

Во петокот, уште шест американски сенатори го поддржаа законодавството кое му дава на Бајден овластување да го забрани ТикТок за да ја заштити националната безбедност.

Апликацијата, во сопственост на кинеската технолошка компанија ByteDance, рече дека нејзините директори ќе дојдат во Вашингтон оваа недела за да расправаат зошто апликацијата не треба да биде забранета.

ТикТок минатата недела објави дека администрацијата на Бајден побарала нејзините кинески сопственици да се откажат од својот удел во компанијата, во спротивно мрежата би можела да се соочи со забрана од САД.

Европската комисија и неколку други западни влади ја забранија употребата на ТикТок на уредите на нивните службеници.

Во септември 2021 година, ТикТок објави дека има повеќе од една милијарда корисници ширум светот.

Loading...