Повеќе од 150 киткови се насукаа на западниот брег на Австралија и поголемиот дел од нив угинаа во текот на ноќта, соопштуваат австралиските власти.
Само 15 животни се живи и спасувачите се обидуваат да ги вратат во океанот.
Насуканите китови се од видот „гринд кратккоперки“ од семејството китови зубани.
Во околината е издадено предупредување за населението од ајкули кои ги напаѓаат насуканите животни.
На истото место, во заливот Хемлин во 2009. година се насукаа и угинаа над 80 китови и делфини.
Најголемата таква појава на западот на Австралија е регистрирана во 1996. година во Дансбороу кога се насукале дури 320 китови.