Над 1,5 милијарди заштитни маски веќе пливаат во океаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на 2020 година се произведени околу 50 милијарди парчиња заштитни маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата „ОкеансАзија“.

Loading...

Извештајот дава застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршија во нив, тоа е голем проблем.

Се проценува дека се потребни 450 години за да се распадне само една пластична маска.

Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3 проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води.

Овие се загрижувачки бројки бидејќи пластичниот отпад убива околу 100.000 морски цицачи и желки годишно, повеќе од еден милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества.

Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата.

Пластичниот отпад драстично се зголеми во текот на изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, поради обврската за употреба на заштитни маски и ракавици, и тоа ќе има негативно влијание врз природата.

„Маските за еднократна употреба се изработени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат отфрлени и кога системот за управување со отпад е несоодветен, преоптоварен и ако има воопшто”, се вели во извештајот. во извештајот.

Loading...

Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во стомакот имал маска.

Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија што ќе го минимизираат влијанието на пластичниот отпад.

Меѓу нив има и маски за повеќекратна употреба кои се направени од материјали што можат да се рециклираат.

Во секој случај, потребно е да се фрлаат маски и ракавици на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.

Leave a Reply