Повеќе од 13.500 американски пожарникари се обидуваат да спречат повеќе од 12 големи пожари во Калифорнија, кои уништија стотици домови и принудија илјадници луѓе да се евакуираат.
По деталната студија за штетата, гувернерот Гевин Њsусом побара од американскиот претседател Џо Бајден да прогласи состојба на катастрофа во осум окрузи.
Ваквата декларација ќе овозможи активирање на различни форми на помош, вклучувајќи сместување, храна, надоместоци за невработеност и покривање на трошоците во итни ситуации, велат официјалните лица.
Речиси 43.000 жители на Калифорнија се под наредба за евакуација, а повеќе од 500 се во засолништа, објави АП.
Официјалните лица се загрижени за пожарите југозападно од езерото Тахо, на границата со Калифорнија и Невада и на околните врвови на Сиера Невада со заедници кои се занимаваат со туризам.
Процентот на локализација на овој пожар е само девет проценти и е приоритет во интервенциите на противпожарната служба.