Над 100 пожарникари се борат со пожар во поранешната зграда на BBC во Лондон

Сподели со своите пријатели

Околу стотина пожарникари се обидуваат да го изгаснат големиот пожар што избувна кратко по три часот наутро во деветкатна зграда во лондонскиот кварт Вајт Сити, објавија британските власти.

Петнаесет противпожарни возила се исто така на терен, а според информациите од Лондонската противпожарна бригада, пожарот ги зафатил катовите близу до врвот на зградата, пренесува Скај њуз.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авганистан: Спасувачите не можат да допрат до луѓето закопани под урнатините

Станува збор за поранешниот телевизиски центар на Би-Би-Си, кој беше седиште на јавниот радиодифузен сервис до 2013 година.

Поради интервенцијата, околните улици беа затворени за сообраќај, а граѓаните беа апелирани да ја избегнуваат областа.

 

Loading...

 

Првите повици за пожарот беа примени малку по три часот наутро по локално време, по што екипи од неколку противпожарни станици беа итно испратени на местото на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германски полицајци застрелаа Хрват кој ги нападнал со нож