Над 100.000 Ерменци избегаа од Нагорно Карабах во Ерменија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100.000 бегалци пристигнаа во Ерменија од Нагорно Карабах, изјави шефот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди.

Loading...

„Многумина се гладни, исцрпени и имаат итна потреба од помош“, изјави Гранди доцна синоќа на социјалните мрежи, пренесе Ројтерс.

УНХЦР и другите хуманитарни партнери ја засилуваат поддршката за ерменските власти, рече Гранди, додавајќи дека итно е потребна меѓународна помош.

Претставник на агенцијата за бегалци на ОН претходно изјави дека вкупниот број бегалци може да достигне 120.000, што одговара на проценките на целото население на Нагорно-Карабах.

Азербејџан рече дека ќе ги почитува правата на етничките Ерменци кои избираат да останат, но дека засекогаш го уништил концептот на отцепена држава.

Властите на Нагорно Карабах објавија дека сите институции на самопрогласената држава ќе престанат да постојат од 1 јануари 2024 година.

Претходно, Азербејџан прогласи прекин на огнот откако започна „антитерористичка операција“ и откако ги принуди ерменските сепаратистички сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно Карабах, јави Ројтерс, пренесе Танјуг.

Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но прогласи отцепување на почетокот на 1990-тите за време на војната што избувна по распадот на Советскиот Сојуз.

Loading...

Властите на Азербејџан ветија дека ќе ги заштитат правата на Ерменците, но исто така рекоа дека можат слободно да го напуштат Нагорно Карабах доколку сакаат.

САД и другите го повикаа Баку да дозволи меѓународни набљудувачи да влезат во Карабах поради загриженоста за можни прекршувања на човековите права.