Над 10.000 жители на Херсон поднеле барање за руско државјанство

Сподели со своите пријатели

Секој ден расте бројот на жителите на Херсонската област кои сакаат да добијат руско државјанство и руски пасоши, тврдат денеска московските медиуми.

Loading...

Тие се повикуваат на претставници на воено-цивилната управа формирана во тој регион од руска страна по преземањето на контролата врз градот на устието на реката Днепар до Црно Море.

– Во регионот веќе се поднесени повеќе од 10.000 барања за руско државјанство, изјави за РИА Новости заменик-началникот на Воено-граѓанската управа на регионот Кирил Стремусов.

Тој тврди дека „секојдневно се издаваат пасоши, но само се зголемуваат редиците“ и затоа новоформираните власти го зголемиле бројот на административни центри за примање документи.

Руската армија ја презеде контролата врз регионот Херсон и Азовскиот дел од областа Запорожје во јужна Украина, а во тие региони беа формирани цивилно-воени администрации, почнаа да емитуваат руски ТВ канали и радио станици, а трговските врски со Крим се се обновува.

Првите жители на тој регион добија руски пасоши на 11 јуни, пренесува РИА Новости.