Над 1.00 ученици годинава ја користат мерката за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во затворениот базен во Куманово.
Вчера градоначалникот на Општина Куманово го посети базенот за да се увери како оваа мерка функционира во пракса.
– Со ова постигнуваме повисоко ниво на нашите ученици да научат да пливаат, а дополнително и да се рекреираат, да се унапредат на ниво на добри пливачи и секако она што е најважно да научат да живеат здрав живот во спортски дух, изјави Димитриевски при посетата.
Општина Куманово го поддржува овој проект со 10 милиони денари и со истиот се опфатени повеќе од 1.100 ученици во основни и средни училишта и над 40 професори по физичко воспитување.
Секој ученик може да ги користи воннаставните активности по пливање бесплатно, само потребно е да има изјава за согласност од родител или старател.
– Сакам да се заблагодарам на сите оние кои што се вклучени во имплементација на проектот, а воедно и на родителите кои исто така даваат можност на своите деца да го посетуваат овој проект, а ние ќе се обидеме како Општина Куманово и за претстојната 2025 година да обезбедиме преку Советот на Општина Куманово дополнителни финансиски средства за да овој проект на затворениот градски базен продолжи да функционира, додаде Димитриевски.
Инаку оваа мерка за прв пат е воведена во 2017 година и оттогаш владее голем интерес кај ученици за нејзино користење.
Никола Ивановски