Повеќе од 1.000 случаи на коронавирусот се регистрирани во Москва, изјави денеска градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјаин.
„Ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот се пресели во нова фаза. Повеќе од 1.000 случаи на коронавирус се пријавени во Москва“, пренесе ТАСС, цитирајќи го Собијанинин.
Во Австрија, 8.229 заразени лица
Во Австрија, досега 8.229 лица се позитивни на коронавирусот, објави денеска тамошното Министерството за здравство.
Кинески власти: Можноста за втор бран на епидемијата сè уште релативно голема
Бројот на заразени лица постојано се зголемува во провинцијата Тирол, која веќе има 1.907, по што следат Горна Австрија 1,402, Долна Австрија 1,276, Виена 1.087, Стирија 873, Салцбург 793, Форларберг 577, Каринтија 223 и Бургенланд 153.
Според Министерството, досега, од коронавирусот починале 68 лица, од кои 17 во Стирија, 16 во Виена и 13 во Долна Австрија.
Од избувнувањето на епидемијата на вирусот во Австрија, тестирани се 46.441 лица.