Над 1.000 парчиња козметика запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, техничка стока, обувки, козметички производи и фалсификати, информираат од Царинската управа на Македонија.

Вкупно 1.005 парчиња козметички производи (моливи за усни, кармини, маскари за трепки, сенка за очи и пудри за лице), биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во 4 картонски кутии, сметени во багажникот на возилото, биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.