Таканаречениот предизвик од гајби е вирален тренд во 2021 година. Десетици луѓе веќе завршија во болница поради тоа, но за некои, дури и тие информации не се пречка да се обидат.
Предизвикот е да се распоредат тенките пластични гајби во пирамида и учесникот на предизвикот треба да оди по нив, што е многу тешко и може да предизвика сериозни повреди.
Еден пар одлучи да го искомбинира овој предизвик со откривање на полот на нивното неродено бебе, и резултатот е, како што се очекуваше, катастрофален.
Човекот, веројатно идниот татко, зеде чинија со прав и почна да се качува по гајбите. Кога дојде на половина пат, тие се срушија како кула од карти, и тој почна да паѓа. За тоа време, од неговите раце падна чинија и од неа излезе сина прав, што е знак дека бебето ќе биде машко.
„Ги споија двете најлоши работи од Интернет“, коментира едно лице.
Jesus take the wheel pic.twitter.com/xYFdvTwiYP
— Sam Sanders (@samsanders) August 26, 2021