Кога агресивно ги миете забите, покривката на забот може да се оштети, поради што забите можат да станат чувствителни, а осетливоста на топло и ладое првиот показател.
Како резултат на грубо четкање, може да се појават следниве проблеми:
Непцата се повлекуваат
Секој заб е заштитен со забната глеѓ, најтенкиот и најтврдиот површински слој на забот, кој може сериозно да се оштети со прекумерно четкање. Оштетувањето на забната глеѓ може да доведе до повлекување на непцата, изложувајќи го коренот на забот на опасност.
Според стоматолозите, околу 10 до 20 проценти од светската популација ги оштетила непцата со прекумерно миење на забите, најчесто користејќи тврди четки за заби и високо абразивни пасти за заби.
Забите стануваат преосетливи
Кога покривката на забот е оштетена, забите можат да станат преосетливи, но исто така можат да ја променат бојата.
Ако чувствувате болка кога пиете ладни или топли пијалоци или грицкате потешка храна, тогаш е време да посетите стоматолог.
Делот од забот во близина на непцата не е сјаен и нема светла боја
Причината зошто делот од забот долж непцата е малку потемен од остатокот на забот е тоа што тие не се заштитени со прекривка. Кога непцата ќе почнат да се повлекуваат, делот од забот што е видлив има потемна боја и е многу почувствителен.
Без забната глеѓ што ги штити, тие се изложени на сите видови бактерии. Значи, проблемот оди сe подлабоко, загрозувајќи го целокупното здравје на усната шуплина.
Четка
Абразијата на четката за заби е најчеста причина за абење на забите, што значи дека многу луѓе ги мијат забите на погрешен начин. Ова се случува затоа што се става премногу притисок врз забите.
Четката за заби треба да има меки влакна, сметаат стоматолозите, а притисокот врз забите мора да биде умерен.