Начинот на кој е откриен Плутон ќе ви ја врати вербата во науката (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Уште во средината на деветнаесетиот век францускиот астроном и математичар Ирбен Леверие го предвидел постоењето и положбата на планетата Нептун, со анализа на орбитата на Уран. Едноставно, Нептун морал да постои оти Уран не би имал патека каква што има.

Loading...

И Нептун недолго потоа е откриен во 1846 година, а кон крајот на тој век астрономот Персивал Лоуел сфатил дека мора да постои уште некое небесно тело кое ќе влијае на орбитата на Уран, покрај Нептун, но во „непосредна“ близина на двете планети. Едноставно, било тука нешто големо што генерира силна гравитациска сила.

Лоуел починал во 1916 година, а и покрај неуморната потрага по небеското тело не успеал да ја пронајде „планетата Икс“, како што ја нарекол тринаесет години подоцна Опсерваторијата „Лауел“ (која самиот ја соновал во 1894 година) одлучила да ја обнови потрагата по „планетата Икс“, користејќи се со моќен телескоп кој бил направен само за таа цел.

Wikimedia Commons/Public domain/The Obento Musubi

Работата ја доделиле на тогаш 23-годишниот Клајд Вилијам Томб, давајќи му ги на располагање сите белешки и пресметки на Луел.

Му требале година дена неуморна работа за да на 18 февруари 1930 година конечно го види иксот на фотографските плочи кои ги снимил телескопот. Опсерваторијата најпрвин добро се провериал и утврдила, пред на 13ти март, на 75от роденден на покојниот основач на светот му го објави епохалното откритие за астрономијата.

Прашањето за името на планетата веднаш се наметнало па во следните денови била покрената жива глобална дебата околу тоа. Победил предлого на 11-годишното англиско девојче од Оксфорд. Венише Барнил, која со писмо предложила планетата „икс“ да се вика „Плутон“. Девојчето имало два силни адути во рацете. Првин, како што нагласила, Плутон убаво ја опишувал негостопримливата природа на површината на новат апланета (име на рисмки бог на подземјето), второ, првите две имиња одговараат на иницијалите на покојниот Персивал Лоуел.

Loading...

И долго Плутон живеел во колективната човечка свест како планета, деветта по ред и најодалечена од Сонцето,најмала во овој Сончев систем.

фото: НАСА

Токму последното претставувало најголем проблем. Како научниците дознавале повеќе за Плутон така биле се погласни оние кои сметале дека тоа и не е вистинска планета. Не само што е мала во однос на останатите небесни тела со таа титула, туку на сето тоа во 1978 година бил откриен и неговиот сателит Харон чиј пречник бил само двојно помал од оној на Плутон. Тоа е целосно невообичаено, бидејќи природните сателити се прилично помали од своите планеит, па Харон е ралативно најголемата „Месечина“ во Сончевиот систем. Имало и такви кои сметале дека станува збор за двојна планета.

Астрономите ги загрижувала и ексцентричната орбита на Плутон, единствената планета која ја сечела орбитата на другите планети (конкретно Нептун). По појава на поголеми и подобри телескопи, во деведесетите години започнале да се откриваат други небесни тела зад Нептун од кои некои биле дури и поголеми од Плутон, па неговито статус дошол под сериозен знак прашање.

И така конечно на 24ти август 2006 година светот бил шокиран кога Меѓународната астрономска унија на несреќниот Плутон му го намали рангот од „планета“ на „џуџеста планета“.

И покрај молбите на дел од светската јавност, да не се понижува Плутон со која сме пораснале, науката била немилосрдна. И натаму, Плутон е џуџеста планета, дури можеби само едно од најголемите небесни тела во Којперовиот појас.

Image by KERBSTONE from Pixabay

Loading...

Leave a Reply