Началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили (ИДФ), Ејал Замир, изјави дека армијата на земјата ќе „одговори со сила“ на она што тие го нарекуваат „сериозно кршење“ на прекинот на огнот од страна на Иран.
„Со оглед на сериозното кршење на прекинот на огнот од страна на иранскиот режим, ние ќе одговориме со сила“, изјави Замир во објава на ИДФ на мрежата X.
Израел претходно соопшти дека открил лансирање ракета од Иран, додека иранските државни медиуми ги негираа обвинувањата дека Иран испалил ракета кон Израел откако започнало прекинот на огнот.
Во меѓувреме, началникот на Генералштабот на иранската армија, Абдолрахим Мусави, негираше дека Иран испалил какви било ракети кон Израел во последните неколку часа, според иранските државни медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави „целосно и апсолутно“ примирје меѓу Израел и Иран на социјалните мрежи, што подоцна беше потврдено од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.