Сите членови на специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ќе го напуштат украинскиот град Доњецк, јавува Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извор.
Задачата на оваа мисија беше следење и известување за прекршувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Киев и проруските сили во источна Украина.
Денеска е шестиот ден од руската инвазија на Украина. Двете земји го одржаа првиот круг од мировните преговори во понеделникот, а во меѓувреме продолжија жестоките борби во неколку украински градови.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од Европската унија итен прием и ги повика руските војници да дезертираат.
Преговорите меѓу двете конфликтни страни се водеа во Белорусија.