На Волстрит индексите речиси непроменети

Сподели со своите пријатели

На Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи инвеститорите се претпазливи по различните пораки на шефот на американската централна банка и податоците за силниот раст на американската економија.

Loading...

Dow Jones зајакна 0,04 отсто, на 35.430 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,09 отсто, на 4.550 поени, а индексот Nasdaq 0,16 отсто, на 14.258 поени.

Од почетокот на ноември, Dow Jones порасна за околу 7 отсто, S&P 500 за околу 8,5 отсто, а Nasdaq индексот за 11 отсто. Ова ги надомести сите загуби од летото.

Ова е благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот парламент ја потврдува новата Европска комисија

Сепак, тоа ќе зависи од натамошните движења во економијата, главно од инфлацијата.

Проценка: БДП на САД порасна повеќе од очекуваното

Вчера беше објавена втората проценка за бруто домашниот производ (БДП) на САД, според која економијата во третиот квартал пораснала на годишно ниво од 5,2 отсто, повеќе од очекуваното.

Ова е добра вест бидејќи покажува дека најголемата светска економија ќе ја избегне рецесијата и покрај наглото зголемување на каматните стапки од почетокот на минатата година.

Сепак, таков силен раст значи и дека инфлацијата би можела да остане на покачени нивоа.

Loading...

Инвеститорите во последните денови будно ги следат пораките на првиот човек на ФЕД, од кои може да се заклучи дека централната банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трите главни ирски партии се речиси изедначени во анкетите пред изборите

Сепак, во зависност од трендот на инфлација, каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолг период од очекуваното.

Пооптимистичките аналитичари проценуваат дека ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки веќе во март, додека пореалните тоа го очекуваат кон средината на следната година.

Освен шпекулациите за каматните стапки, во наредните денови најмногу ќе се следат вестите за потрошувачката на почетокот на празничната „шопинг“ сезона.

Според проценките, потрошувачката во празничната сезона во декември би можела да се зголеми за околу 5 отсто на годишно ниво.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Франкфуртскиот DAX индекс зајакна за 1,09 отсто, на 16.166 поени, а париски CAC зајакна за 0,24 отсто, на 7.267 поени. Лондонски FTSE ослабе, пак, за 0,43 отсто, на 7.423 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа