Стејси Овен (29) уживала на својата венчавка, кога во секунда пребледела од став. Една жена во венчаница влета во салата во селскиот хотел каде се одвиваше прославата и викаше: „Запрете ја свадбата, тоа требаше да сум јас“.
Видеото ја прикажува како го удира младоженецот со букет по главата додека ново-брачната двојка се обидела да танцува.
Стејси прво помислила дека е поранешна „луда“ девојка на нејзиниот сопруг, но станувало збор за комичарот Џануари Рис ангажиран од нејзиниот кум Џеки Левис.
По првичниот шок, сите пукнале во смеа, особено невестата, чија боја брзо се врати на лицето.
– Ја правам таа шега пет месеци. Стејси очекуваше изненадување, а јас сакав да направам нешто глупаво – рече кимот, додавајќи дека сите се исплашиле кога комичарот упаднал во салата затоа што мислеле дека тоа е навистина поранешната девојка на зетот.